Библиотеката „Феткин“ и СОЗШУ „Ѓорче Петров“ го обележаа меѓународниот ден на ромите


09.04.2025

На ден 08.04.2025 година, Библиотеката „Феткин“ и СОЗШУ „Ѓорче Петров“ го обележаа меѓународниот ден на ромите.
По тој повод учениците од СОЗШУ Ѓорче Петров со нивнот ментор професорот по македонски јазик Влатко Тасев, беше одржан јавен час, на кој се читаше поезија и се истакнаа посебностите во животот и културата на ромите како етникум. Учениците роми преку дискусија ги искажаа своите ставови кон општествените случувања во нашата општина.