Историјат за библиотеката |
|
|
|

Корените на библиотекарството на подрачјето на општина Кавадарци ги наоѓаме во манастирите кои се во непосредна близина на општината. Се до првата половина на XIX век црквите и манастирите се главни културно-просветни жаришта во Македонија.
Првото читалиште е формирано 1870 година во Ваташа. Откриени се околу 10 ракописи на досега непознат македонски книжевник, свештеникот Глигор Хаџи-Орданов од Ваташа кои потекнуваат од XIX век.
|
Повеќе...
|
|
Културата заснована на вредностите кои ја надминуваат изолираноста, самодоволноста, ксенофобијата и предрасудите, ги овозможува виталните процеси на комуникација, размена на податоци и знаење, идеа и компетенција.
Проширување на видиците на знаењето, слободниот пристап на информација се неопходни услови за едно општество и играат важна улога во градењето на личноста.
Врската која постои помеѓу културата заснована на знаење и општеството засновано на култура, достигнуваат моќ која е ефективна и соцојално – политички и историски и развојно.
|
Повеќе...
|

Весна Гркова – Директор
Административна Служба
1.Надица Крстева - Советник главен сметководител
Стручна Служба
1.Петра Каракашова – библиотекар
2.Трајанка Атанасова – библиотекар
3.Маричка Гечева – библиотекар
4.Петар Гурев - библиотекар
5.Ристе Коледаров - помошник библиотекар
Помошно техничка служба
1.Јана Лазарова – книгоподврзувач
2.Тина Ничкова - хигиеничар |
Јавната Општинска Установа Библиотека ,,Феткин,, е мултикултурен граѓански информативен центар и вредносен капитал на општина Кавадарци, а воедно и на Република Македонија.
Нејзино е:
- Да служи на знаењето, на мудроста, уметноста, образованието, читањето, пишењето, сеќавањето;
- Да овозможи непречен, континуиран и сеопфатен пристап до информацијата, до научни, образовни и културни добра;
- Да биде основа за сигурен, зголемен и одржлив развој на земјата, нејзиниот напредок и нејзината благосотојба;
- Да биде најдобро опкружување за истражување, креативност, учење, работа, забава.
- Да имслужи на сите граѓани во Република Македонија без никакви огранишувања.
И така да служи засекогаш, за сите времиња, за потребите, интересите и причините за минатото и сегашноста, а посебно за иднината. |
|
|
|
|