ЈОУ Библиотека „Феткин“ од 06.07.2020 година (понеделник), повторно почнува да работи со своите читатели Печати
петок, 03 јули 2020 13:03
ЈОУ Библиотека „Феткин“, Кавадарци од 06.07.2020 година (понеделник), повторно почнува да работи со корисници. Во согласност со мерките и препораките од Владата на РСМ по предлог заклучоци од Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство, донесе одлука за отпочнување со работа на библиотеките.
 
ВАЖНИ УПАТСТВА ЗА КОРИСНИЦИТЕ
Задолжително носење лична заштитна опрема на лицето, што подразбира каква било форма на заштита која ги покрива пределот на носот и устата: маска, марама или шал
Дезинфекција на рацете пред влегување во библиотека (средството за дезинфекција е обезбедено од библиотеката)
Одржување на физичко растојание од 2 метри
Во библиотеката истовремено може да влезе по еден корисник во секој оддел
Библиотеката ќе ги следи мерките на надлежните органи и соодветно ќе ги прилагодува и менува постојните мерки на заштита. Библиотеката навремено ќе ги информира корисниците за сите промени преку соопштенија на влезот, преку официјалната веб страна и на профилот на фејсбук.
 
РАБОТНО ВРЕМЕ:
Работата со корисниците ќе се одвива во една смена од 8:30-16:30 часот.
 
РАБОТА СО КОРИСНИЦИ:
Само за враќање и позајмување книги
Обновување на членството и запишување на нови корисници.
Читалната нема да работи се до новите упатства
Вратените книги посебно се одвојуваат и во следните 72 часа нема да бидат достапни за издавање.
106806948 3334314069965631 3236787098015777136 n
Последно освежено на петок, 03 јули 2020 13:07