За нас

Библиотека „Феткин“ своите корени ги носи уште со формирањето на првото читалиште во 1870 година во Ваташа. По ослободувањето отпочнува со работа на 16 мај 1945 година во склоп на гимназијата, а од 1953 година работи како самостојна установа. Од 1964 година добива свој простор во зградата на Домот на културата во централното градско подрачје каде се наоѓа и денес .

Историјат за библиотеката

Корените на библиотекарството на подрачјето на општина Кавадарци ги наоѓаме во манастирите кои се во непосредна близина на општината. Се до првата половина на XIX век црквите и манастирите се главни културно-просветни жаришта во Македонија.

Првото читалиште е формирано 1870 година во Ваташа. Откриени се околу 10 ракописи на досега непознат македонски книжевник, свештеникот Глигор Хаџи-Орданов од Ваташа кои потекнуваат од XIX век.

Во посовремена форма читалиштето во Кавадарци се формира 1935 година и е наречено ,,Тиквеш,,. Тоа е плод на интелектуалната младина кое свотео школување го формира во развиените културни центри. Младите своите идеи ги преточуваат во реалност, настојувајќи да ги пренесат сознанијата на својот народ и издигање на неговата свест. Знаејќи дека самоизградувањето е можно преку читање на книги, односно преку библиотеката всушност се раѓа и идејата за создавање на библиотека т.е читалиште и како таква опстојува се до 1940 година, а 1941 година е затворено, но 1942 година повторно започнува со работа.

По ослободувањето Библиотеката работи во состав на гимназијата. На 16ти Мај 1945 година се одделува од гимназијата, а од 1953 година работи како самостојна установа

На 28.12.1961 година врз основа на член 52 став 2 од Законот за библиотеки на СРМ и член 27 од Статутот на општина Кавадарци е донесена Одлука бр.11/221 со која Градската Библиотека се прогласува за матична на подрачјето на општината, а 1964 година добива свој простор во новата зграда на Домот на културата, во кој простор се наоѓа и денес.

Но, во 2006 година со донација од Кралството Норвешка и подршка од Градоначалникот и Советот на општина Кавадарци, библиотеката е целосно реновирана при што е сменет целокупниот нејзин лик. Таа денес е современ, мултикултурен граѓански информативен центар – центар од кој поаѓа првата информација значајна за задоволување на културните потреби и желби на граѓаните, значајна за научно – истражувачката дејност, значајна за развојот на образованието, културата, а во поново време и за развојот на стопанството и другите дејности.

Денес библиотеката ,,Феткин,, располага со над 100 000 библиотечни единици.

Својата дејност ја одвива преку неколку оддели:

  • Раководење, административно-финансиски и технички работи;
  • Оддел комплетирање на библиотечен материјал, прием и техничка обработка;
  • Оддел изработка и организација на каталозите (монографски и сериски публикации);
  • Оддел информативно-позајмна дејност;
  • Оддел матична дејност и развој на библиотекарството во општина Кавадарци;
  • Оддел за роднокрајна и библиографска дејност

Примарна и основна цел на библиотеката е негување на читателските навики кај најмладите, популаризација на книжниот фонд како и следење на издавачката продукција. Библиотеката е исто така учесник во сите културни манифестации што се случуваат на локално ниво и е во постојана соработка со сите културни институции во градот како и со локалната самоуправа.

Мисија

Културата заснована на вредностите кои ја надминуваат изолираноста, самодоволноста, ксенофобијата и предрасудите, ги овозможува виталните процеси на комуникација, размена на податоци и знаење, идеа и компетенција.

Проширување на видиците на знаењето, слободниот пристап на информација се неопходни услови за едно општество и играат важна улога во градењето на личноста.

Врската која постои помеѓу културата заснована на знаење и општеството засновано на култура, достигнуваат моќ која е ефективна и соцојално – политички и историски и развојно.

Информацијата е порака која има значење и структура, а знаењето е начин на настанување на информацијата. Најбрз и налесен пристап до информацијата, нејзино зачувување и трансфер овозможуваат библиотеките, кои како мултикултурни, јавни, информативни центри, обезбедуваат афирмација и на националниот културен идентитет, а воедно имаат важна улога во развојот и градењето на едно демократско општетство. Библиотеката како информативен центар нуди широка понуда на услуги за своите корисници од различна интелектуална, образовна, социјална и возрасна структура.

Културата на знаење, моќта која таа ја поседува прави да разбереме се она што се случува и прави да можеме нешто да промениме, нешто да сториме.

Визија

Јавната Општинска Установа Библиотека ,,Феткин,, е мултикултурен граѓански информативен центар и вредносен капитал на општина Кавадарци, а воедно и на Република Македонија.

Нејзино е:

  • Да служи на знаењето, на мудроста, уметноста, образованието, читањето, пишењето, сеќавањето;
  • Да овозможи непречен, континуиран и сеопфатен пристап до информацијата, до научни, образовни и културни добра;
  • Да биде основа за сигурен, зголемен и одржлив развој на земјата, нејзиниот напредок и нејзината благосотојба;
  • Да биде најдобро опкружување за истражување, креативност, учење, работа, забава.
  • Да имслужи на сите граѓани во Република Македонија без никакви огранишувања.

И така да служи засекогаш, за сите времиња, за потребите, интересите и причините за минатото и сегашноста, а посебно за иднината.

ЈОУ Библиотека „ФЕТКИН“ Кавадарци

Петар Гурев – Директор

 

Административна Служба

– Надица Крстева – Советник главен сметководител

Стручна Служба

– Весна Гркова – Виш библиотекар

– Трајанка Атанасова – библиотекар

– Маричка Гечева – библиотекар

– Александра Каракашова – библиотекар

– Тања Кузманов – библиотекар

– Ристе Коледаров – помошник библиотекар

– Александра Крстевска – книговезец

Помошно техничка служба

– Тина Ничкова – хигиеничар

ЧЛЕНОВИ

ВОЗРАСНИ ЧЛЕНОВИ

МЛАДИ ЧЛЕНОВИ

Што најмногу читаат нашите читатели

Се читаат сите жанрови на литература, а најмногу белетристика и тоа трилери, драми, романси, историски и биографски дела. Додека децата и младите читаат најмногу лектири, обработки, бајки и најчитаната книга за млади „Хари Потер“.

 

Кои се најбараните книги во библиотеката

Најчитани книги во 2020 беа делата од Лусинда Рајли, Донато Каризи, Сара Џио, Тес Геринг, Јелена Бачиќ Алимпиќ и други. Додека од македонски автори најчитани беа „Тајната на Алексови“ од Наде Стоилковиќ, „Сопругата на детективот“ од Мирјана Проданова, книгите на Венко Андоновски и други.

Најстариот и најмладиот член

Библиотеката е заедничко место и место каде истовремено се среќаваат и се чуствуваат пријатно најмладите и најстарите сограѓани. Така највозрасниот член во библиотеката ќе полни 89 години, додека најмладиот член има само четири години.

 

Интересно е да кажеме дека

читателите ви библиотеката од најрана возраст доаѓаат и позајмуваат книги и тоа продолжува во текот на нивниот живот за време на школување, па и после завршување на школувањето. Некои членови со прекини се зачленуваат повторно, но има и такви кои без прекин се членови секоја година.

 

Литература на повеќе јазици

Читателите имаат слободен пристап до книгите. Се набавуваат најновите изданија од сите издавачки куќи. Освен на македонски има и англиска литература. Во склоп на библиотеката се чуваат и делата на роднокрајните автори како и дневните весници Нова Македонија од 1947-2005 година. Исто така има и интернет катче кое може да се користи.

 

Билиотеката низ годините

Во текот на своето работење низ годините преку библиотеката имаат поминато многу генерации ученици, како и сите останати категории граѓани: вработени, студенти, невработени и пензионери во општина Кавадарци, кои во текот на своето школување ги користеле услугите на оваа институција од културата, која придонесува за подигање на културното и образовното ниво на граѓаните.

Контакт

043/413-099
fetkinkav@t-home.mk

Директор, Петар Гурев

Адреса

7-ми Септември, бр.1
Кавадарци
1430
Р.С. Македонија
Локација

Работно време

Понеделник   08:00 - 19:00
Вторник           08:00 - 19:00
Среда               08:00 - 19:00
Четврток         08:00 - 19:00
Петок               08:00 - 19:00
Сабота              /
Недела             /

 

Следете не