
За нас

Услуги

Новости

Контакт
Мисија
Визија
Културата заснована на вредностите кои ја надминуваат изолираноста, самодоволноста, ксенофобијата и предрасудите, ги овозможува виталните процеси на комуникација, размена на податоци и знаење, идеа и компетенција.
Јавната Општинска Установа Библиотека „Феткин“ е мултикултурен граѓански информативен центар и вредносен капитал на општина Кавадарци, а воедно и на нашата земја.
Наши услуги
Библиотека Феткин располага со богат книжен фонд.
Членска карта
Членарината изнесува 200 денари и трае една година, а позајмицата е пет денари за позајмена книга. Читателите имаат слободен пристап до книгите.
Правила и обврски при заченување
Правото за позајмица на библиотечен материјал е неотуѓиво, што значи дека со членската карта освен зачленетото лице, друго лице не може да врши позајмица.
Други услуги
Резервација на книга, Фотокопирање, Печатење, Скенирање, Помош при користење на услуги, Изнајмување
LCD проектор, Организација на настани,Изнајмување на некнижен материјал …

Престојни настани
Библиотека Феткин постојано ве известува за сите настани и активности што ги подготвуваме и реализираме и на нашиот веб сајт и на Facebook страната на библиотеката.
Виртуелна прошетка во Библиотека „ФЕТКИН“
3Д виртуелната прошетка како дел од целокупниот туристички потенцијал на општина Кавадарци можете да ја погледнете на следниот линк
За повеќе информации посетете го веб сајтот на општина Кавадарци
Библиотека Феткин ви препорачува




Нови наслови во библиотека Феткин




















Видео упатство за користење на виртуелна библиотека COBISS+
Настани и активности
ЈОУ Библиотека „Феткин“ Кавадарци
Ви благодариме Здружение на слепи Кавадарци и Национален Сојуз на слепи на РС Македонија за вниманието. 🙏
Честитки на прекрасната организација и реализација на хуманитарниот концерт "Вечер на емпатија". Ние ќе продолжиме со безрезервна поддршка и соработка со вас и со вашите...
Литературниот перформанс „СЛУШНИ ЈА МОЈАТА ПРИКАЗНА“ во Скопје
Ние ја раскажавме нашата приказна и влеговме во сржта на емоциите на присутните. Синоќа во просториите на Национална и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Скопје, го прикажавме литературниот перформанс „Слушни ја мојата приказна“ кој претставува успешна...
5 Мај – ДЕНОТ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК И АЗБУКА
Денес, Библиотека Феткин заедно со учениците од ООУ Страшо Пинџур Кавадарци, го одбележуваме Денот на македонскиот јазик и азбука – ден кога се потсетуваме на значењето, историјата и иднината на нашиот мајчин јазик. На 5 мај 1945 година, Владата на Народна Република...
Животот е претстава без проба. Играј ја најдобро што можеш
Некој ден ќе се разбудиме и ќе видиме: сцената е празна, светлата сè уште треперат, а во воздухот лебди еден глас што вели: > "Животот е претстава без проба. Играј ја најдобро што можеш." – Горан Стефановски На денешен ден е роден човекот кој од зборови ткаеше...
Денес Библиотека Феткин учествуваше во поетската манифестација “Пролет,љубов,смеа” во Библиотеката Гоце Делчев од Свети Николе
Наши претставници на поетскиот натпревар беа: Мелани Костадинова во категорија млади до IX одделение и Јован Илов во категорија младинци до 18 години. Нашиот Јован освои награда за нјадобра интерпретација на својата песна. Од срце им заблагодаруваме на нивните ментори...
На гости во Библиотека Феткин ни беа колегите од НУБ св.Климент Охридски од Скопје
На средбата директорот на НУБ ни ги предаде примероците од Правописот на македонскиот јазик, кој уште денес ќе се најде на нашите полици. Двајцата директори ја потврдија својата соработка со пополнување на агендата со заеднички активности планирани за месец...
Адреса
7-ми Септември, бр.1
Кавадарци
1430
Р.С. Македонија
Локација
Работно време
Понеделник 08:00 - 19:00
Вторник 08:00 - 19:00
Среда 08:00 - 19:00
Четврток 08:00 - 19:00
Петок 08:00 - 19:00
Сабота /
Недела /