Покана за промоција на книгата „Потомците на Поп Арсо“ од Гордана Бохулски Кароловска


28.10.2026

Библиотека „Феткин“ – Кавадарци со особено задоволство Ве поканува на промоција на книгата „Потомците на Поп Арсо“ од авторката Гордана Бохулски Кароловска.

Издавач на книгата е Библиотека „Феткин“ – Кавадарци, со што продолжуваме да ја негуваме книжевната традиција и да го поддржуваме создавањето и афирмацијата на литературното творештво.

Датум: 29 октомври 2026 година (четврток)

Почеток: 18:00 часот

Место: Библиотека „Феткин“ – Кавадарци

Ве покануваме да ни се придружите на оваа книжевна средба, посветена на книгата, пишаниот збор и неговата моќ да ги поврзува минатото и сегашноста.

Ве очекуваме!