ФОН и Библиотека „Феткин“ – заедничка работилница за улогата на книгата, дигиталните извори и вештачката интелигенција
14.11.2026
Во рамките на соработката меѓу Факултетот за образовни науки при Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип и ЈОУ Библиотека „Феткин“ – Кавадарци се одржа интерактивна работилница на која учествуваа претставници на библиотеките од регионот и студенти од Факултетот за образовни науки.
Работилницата беше посветена на местото и улогата на книгата, електронските информативни извори и вештачката интелигенција во современото образование и библиотекарство, отворајќи дискусија за предизвиците што ги носи брзиот технолошки развој, како и за начините на создавање, пренесување и користење на информациите.
Прочитајте повеќе на сајтот на Факултетот за образовни науки.