2 Април – Светскиот ден на детската литература, Библиотека Феткин организираше меѓународен настан посветен на магијата на бајките и детската имагинација


02.04.2026

По повод 2 Април – Светскиот ден на детската литература, Библиотека Феткин организираше меѓународен настан посветен на магијата на бајките и детската имагинација.
На денот кога се одбележува и роденденот на Ханс Кристијан Андерсен, беа прочитани неговите безвременски бајки, а дечињата од објектот „Бубамара“ при Детска градинка Рада Поцева со голема радост ги боеја ликовите од неговите најпознати приказни. 🎨🧒👧
Истата активност истовремено се реализираше и во Библиотека Бољевац од Бољевац и Библиотека Србољуб Митиќ од Мало Црниче, Република Србија, а преку видео стриминг дечињата имаа можност меѓусебно да се видат на видео-бим и да ја споделат радоста од заедничкото дружење. 🌍📖💫
Овој прекрасен настан уште еднаш ја потврди моќта на литературата да ги поврзува децата, библиотеките и културите, без разлика на граници. ❤️