21 ФЕВРУАРИ – МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА МАЈЧИНИОТ ЈАЗИК
21.02.2022
Со поддршка од УНЕСКО, на 21 февруари секоја година се одбележува Меѓународниот ден на мајчиниот јазик со цел да се прослават повеќе од 6000 различни јазици кои се зборуваат во светот денес.
Меѓународниот ден на мајчиниот јазик е ден за промовирање на лингвистичката и културната разновидност и се потенцира важноста и уникатноста на секој јазик на планетата земја. За да постигнеме одржлив развој, потребно е младите ученици да имаат можност да учат и да го негуваат својот мајчин јазик, но да учат и други јазици. Токму преку совладувањето на јазикот кој се говори дома, односно мајчиниот јазик, децата учат да читаат и пишуваат, а потоа ги надградуваат и сите останати знаења.
Јазиците кои се зборуваат во една земја, а особено јазиците на малцинствата, пренесуваат култура, вредности и традиција и затоа играат огромна улога во создавање одржлив развој и иднина.
“Јазикот е единствената наша татковина. Се додека го чуваме , го негуваме , го вардиме , го гледаме јазикот наш македонски – ке може да сметаме дека ја имаме и татковината, како куќа, како дом , како огниште”, Блаже Конески
Честит нека ни е денот на мајчиниот јазик