5 Мај – ДЕНОТ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК И АЗБУКА


05.05.2025

Денес, Библиотека Феткин заедно со учениците од ООУ Страшо Пинџур Кавадарци, го одбележуваме Денот на македонскиот јазик и азбука – ден кога се потсетуваме на значењето, историјата и иднината на нашиот мајчин јазик.
На 5 мај 1945 година, Владата на Народна Република Македонија ја донесе одлуката со која се усвојува македонската азбука како официјална и стандардна, а подоцна истата година беше објавен и првиот македонски правопис.
Оваа одлука означи историски чекор за македонскиот народ – признавање на јазикот како посебен и рамноправен, со своја граматика, книжевност и културен идентитет.
Во текот на годините, македонскиот јазик се развиваше преку делата на Блаже Конески, Кочо Рацин, Анте Поповски, Славко Јаневски и многу други. Денес тој продолжува да живее преку новите генерации автори, ученици, наставници, и – преку секој еден од нас кој го зборува, чита и пишува.
По овој повод денес организиравме јавен час на кој Директорот на библиотеката и наставничката Павлинка Костадинова го истакнаа значењето на македонскиот јазик и потребата од неговото негување и зачувување.
Ве охрабруваме да го прославите овој ден со книга на македонски јазик во рака – и да го негуваме заедно нашиот јазичен идентитет.
Македонскиот јазик не е само збор – тој е сведоштво за нашето постоење