50 години од смртта на Никола Бадев
22.09.2026
На 25 септември, во Домот на културата „Иван Мазов-Климе“ – Кавадарци, ќе биде одбележана 50-годишнината од смртта на великанот на македонската народна песна, Никола Бадев.
Роден во кавадаречкото село Глишиќ, Никола Бадев со својот неповторлив глас и интерпретација остави траен белег во македонската музичка традиција. Неговото творештво и денес живее преку песните кои се пеат и пренесуваат од генерација на генерација.
По повод значајниот јубилеј, Општина Кавадарци, во рамки на Годишната програма за култура за 2026 година, организира пригодна музичка програма во чест на Никола Бадев.
25 септември 2026
Дом на културата „Иван Мазов-Климе“ – Кавадарци
Влезот е бесплатен
Вечер посветена на човекот чиј глас стана дел од македонската културна меморија и на песната која, и по пет децении, продолжува да живее.
Никола Бадев – име запишано во историјата на македонската народна песна.
