91 година од раѓањето на Петре М. Андреевски


25.06.2025

📚✨ По повод 91 година од раѓањето на Петре М. Андреевски, еден од најголемите македонски поети и раскажувачи, Библиотека „Феткин“ Кавадарци со почит го одбележува споменот на неговото дело.
Петре М. Андреевски е роден на 25 јуни 1934 година во с. Слоештица, Демир Хисар. Завршил Филолошки факултет во Скопје и беше член на МАНУ. Неговото творештво ги обединува македонската традиција, емоција и историја.
Со силни стихови што го врежаа македонскиот збор во вечноста, Андреевски останува патоказ за љубовта кон татковината, коренот и човекот.
🖋️ „Можам без сè. Но без татковина – не!“ – Петре М. Андреевски