Активности во Библиотека „Феткин“ по повод Св. Трифун


14.02.2022

По повод Свети Трифун денес во Библиотека “Феткин” секој посетител ќе може да проба Тиквешка Раванија подготвена по рецептите од нашите баби со природен Тиквешки маџун.
На ова мало парче земја низ годините народот создавал големо богатство. Едно од најубавите наследства кои ги имаме се традиционалните и неповторливи рецепти
Во градот под виновата лоза највкусната храна се прави од грозје, а само од неговиот сок се добива производ со карактеристичен мирис и слатко-кисел вкус.“ – со овие зборови BBC на македонски пишуваше за чудото од лек кој поттекнува од Тиквешијата – неговото височество маџунот.
Приказната за маџунот е стара колку и грозјето, а во Тиквешијата, според археолошките истражувања, одгледувањето на виновата лоза гради своја традиција повеќе од 2.000 години.
Повелете , дојдете и пробајте