На денешен ден роден е Антон Павлович Чехов


28.01.2022

Антон Павлович Чехов роден е во градот Таганрог на 29 јануари 1860 година, а умрел 15 јули 1904 година, во Баденвејлер (Јужна Германија). Погребан е во Москва
Aнтон Павлович Чехов е претставник на рускиот натурализам. Роден е во Таганрог на брегот на Азовското Море, во ситнотрговско семејство. Татко му сосема пропаднал, па тој морал сам да се издржува со давање часови, за да ја заврши гимназијата. Потоа оди во Москва каде добива стипендија за медицински студии. Тогаш започнува со пишување, но под разни псевдоними, а најчесто како Антоша Чехонте. Пишувал безброј цртички, скици, новели, пародии, шеги, кои ги објавувал по весниците. Во 1887 година ќе објави избор од најуспешните куси раскази „Во самраците“. Потоа, во период од седум години, објавува пет збирки куса проза и пишува драми.
Негови најпознати новели се: „Степа“, „Павиљон бр.6“ и драмите: „Галеб“, „Вујко Вања“, „Три сестри“ и „Вишновата градина“.
Прозно творештво
Карактеристично за прозното творештво на Чехов, неговите раскази и новели е тоа што тој не прикажува големи настани, ниту големи ликови. Фабулите се обично многу едноставни и со нив тој предизвикува впечаток, создава расположение и специфична атмосфера, па преку таа атмосфера, преку размислувањата, расположенијата, тагата или радоста, тој ликовите целосно ги оформува и објаснува. Неговите раскази се обично куси, но содржајни, проткаени со хумор или блага иронија и секогаш присутна една тажна нотка. Темите што ги обработува се разни, критички опфаќајќи ги сите сегменти на општественото живеење.
Прочитај или слушни го (аудиокнига) расказот „Облог“ од Чехов, еден од најубавите и најсодржајните негови раскази: