Библиотека Феткин ја слави детската недела


08.10.2024

Библиотека Феткин во соработка со сите основни училишта од Општина Кавадарци ја слави детската недела која што оваа година се слави од 7 до 11 октомври.
Денес нашата библиотека ја посетија првачињата од основните училишта Димката Ангелов – Габерот с. Ваташа , Страшо Пинџур и Тошо Велков -Пепето. Директорот на библиотеката им објасна на првачињата како работи библиотеката и на кој начин се позајмуваат книги, а потоа му прочита дел од детска литература. Веднаш после тоа сите првачиња се упатија кон кино салата на Дом на Култура Иван Мазев Климе, каде вработените му објаснаа како работи театарот.