Библиотека „Феткин“ ја слави „Неделата на детето“
05.10.2026
И оваа година, по повод „Неделата на детето“, Библиотека „Феткин“ Кавадарци ги отвора своите врати за најмладите читатели. Наши гости ќе бидат сите првачиња од основните училишта на територијата на Општина Кавадарци.
Први имавме чест да ги пречекаме првачињата од ООУ „Тошо Велков – Пепето“ – Кавадарци. За нив подготвивме посебна програма исполнета со книги, приказни и детска љубопитност.
Најмладите ученици се запознаа со работата на библиотеката, дознаа како се станува член и како книгите го наоѓаат својот пат до читателите. А најубавиот дел од посетата беше дружењето со најубавите сликовници, нивното разгледување и заедничкото читање.
Веруваме дека оваа посета ќе биде нивниот прв чекор кон едно долго и убаво пријателство со книгата и библиотеката.
Добредојдовте, првачиња!
Ве очекуваме повторно – со уште многу приказни!













