Библиотека „Феткин“ Кавадарци го одбележува интернационалниот ден на лица со попреченост


04.12.2023

По повод 3-ти декември, интернационалниот ден на лица со попреченост, Библиотека „Феткин“ во соработка со Здружението на слепи и лица со оштетен вид Кавадарци и ООУ „Тоде Хаџи Тефов“ организира настан за одбележување на овој ден.
По тој повод се имплементираше работилница на тема „Човекови права и потребите и можностите на слепите лица“ со Специјален едукатор и рехабилитатот Марија Попова Шандаров .
На работилницата учествуваа учениците од 5 в одделение и менторот Сандра Колева. кои беа запознати за можностите и потребите на слепите лица, беа запознати со сите помагала со кои се коритат овие лица и имаат можност да постават прашања на членовите од Здружението на слепи лица, за сите препреки со кои се соочуваат овие лица во секојдневниот живот.
Здружението на слепи и лица со оштетен вид, и донираше на библиотеката книги на Брајово писмо за кои библиотеката ќе направи посебно катче.