Библиотека „Феткин“ – Кавадарци и Факултетот за образовни науки при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип потпишаа меморандум за деловна и техничка соработка


24.12.2025

Денес 24 декември 2025 година, Библиотека „Феткин“ – Кавадарци претставувана од директорот Петар Гурев и Факултетот за образовни науки при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип претставувана од Деканот проф. д-р Трајче Стојанов потпишаа меморандум за деловна и техничка соработка во рамки на експертизата на двете институции.
На работниот состанок беа договорени насоките во кои ќе се развива соработката, како и рамката на заеднички активности планирани за 2026 година, со цел унапредување на образовните, научните и културните процеси.
Со ова партнерство се отвораат нови можности за заеднички проекти, размена на знаења и поддршка на академската и пошироката заедница.
Благодарност до сите вклучени за подготвеноста и визијата за заедничка иднина.