Библиотека Феткин Кавадарци претставувана од Директорот Петар Гурев,потпиша меморандум за соработка со Здружението на одделенски наставници „Учител“


05.12.2023

Денес Библиотека Феткин Кавадарци претставувана од Директорот Петар Гурев,потпиша меморандум за соработка со Здружението на одделенски наставници „Учител“ кое го претставуваше еден од основачите на здружението, Сандра Колева. На состанокот освен потпишување на официјалниот документ се разговараше за планирање на заеднички активности за наредната 2024 година. Библиотеката и образованието се тесно поврзани и се надеваме на плодна соработка.