Библиотека „Феткин“ од Библиотекарското здружение на Македонија ја прими наградата „Библиотека на годината 2025“


05.12.2025

Голема чест и гордост!
Библиотека „Феткин“ денес од Библиотекарското здружение на Македонија ја прими наградата „Библиотека на годината 2025“.
Чест ни е што нашата работа, посветеност и љубов кон книгата, читателите и библиотекарската струка се препознаени и вреднувани. Ова признание е потврда дека сме на вистинскиот пат, но и мотив да продолжиме уште посилно да создаваме културен и образовен простор за сите генерации.
Огромна благодарност до нашите читатели, соработници, институции и сите кои секојдневно ја поддржуваат нашата мисија. Без вас, оваа награда немаше да биде возможна.
Продолжуваме со уште повеќе идеи, настани и иницијативи – затоа што библиотеката живее преку својата заедница.