Библиотеката е во мода, модата е во библиотеката
30.06.2026
Вечерва претставници на Библиотеката „Феткин“ имаа чест да присуствуваат на еден несекојдневен и инспиративен настан во организација на Градска библиотека „Браќа Миладиновци“.
Под мотото „Библиотеката е во мода, модата е во библиотеката“, публиката уживаше во прекрасен спој на поезија, музика и мода, збогатен со креациите на познатата модна креаторка Ивана Кнез.
Настанот уште еднаш потврди дека библиотеките се современи културни центри каде уметноста, литературата и креативноста се испреплетуваат на најубав начин.
Искрени честитки до организаторите за успешната реализација на овој прекрасен културен настан!








