Благодарницата за успешната соработка, поддршката и придонесот во работата на ООУ Пере Тошев Росоман
05.05.2026
Со особена чест и искрена гордост денес ја примивме благодарницата за успешната соработка, поддршката и придонесот во работата на Општинско основно училиште Пере Тошев Росоман доделена по повод одбележувањето на патрониот празник.
Ова признание за нас претставува потврда дека заедничката посветеност кон образованието, културата и младите носи вистински вредности и резултати. Искрено им благодариме за укажаната доверба и соработката која ја градиме со заемна почит и ентузијазам.
Честитки по повод празникот, со желби за уште многу успешни проекти, инспиративни активности и плодна работа во иднина!
Библиотеката продолжува посветено да гради мостови на соработка со сродни институции, во интерес на заедницата и културниот развој.




