Честит 11 Октомври – Ден на народното востание на македонскиот народ
11.10.2025
Честит 11 Октомври – Ден на народното востание на македонскиот народ.
На овој значаен ден оддаваме длабока почит кон сите борци кои преку својата жртва и решителност го поставија темелот на нашата слобода и државност.
11 Октомври е симбол на историска одговорност, единство и стремеж кон праведно и достоинствено општество.
Нека споменот на оваа борба нè поттикнува кон трајно негување на културните, националните и духовните вредности.
Честит празник!
