„Читање на приказни од кралскиот двор“ – вечер исполнета со магија


29.07.2026

Вечер исполнета со магија, насмевки и прекрасни приказни!

Вечерва градскиот плоштад во Кавадарци се претвори во вистински кралски двор, каде најмладите имаа можност да уживаат во настанот „Читање на приказни од кралскиот двор“, во организација на ЈОУ Библиотека „Феткин“ – Кавадарци, во рамките на Кавадаречко културно лето.

Пепелашка и Принцот ги поведоа децата на едно волшебно патување низ шест несекојдневни приказни за добрината, искреноста, храброста, пријателството, надежта и вистинските вредности што секое дете ги носи во своето срце.

Најголемата награда за нас беа детските насмевки, љубопитните погледи и вниманието со кое ги следеа приказните. Веруваме дека секоја раскажана приказна остави по една мала искра во нивните срца – искра што ќе ги потсетува дека добрината, чесноста и љубовта кон другите се најголемото богатство што може да го има секој човек.