Да си го чуваме нашиот мајчин јазик


21.02.2018

Меѓународен ден на мајчиниот јазик — ден на кој се одбележува  мајчиниот јазик во сите земји. Прогласен е на XXX седница на на Унеско во 1999 година донесувајќи одлука да го востанови  овој  ден и во иднина да се празнува во светот.Поводот е затоа што на 21 февруари се одржани драматичните протести за бенгалскиот јазик. Во 2000 година овој датум е промовиран како Ден на лингвистичка и културна разновидност и повеќејазичност.

Според статистичките податоци, во последните три века има изумирање или драматично намалување на јазиците, особено на американскиот и австралискиот континент. Во светот денес се зборуваат околу 6.500 јазици, а на околу половина им се заканува исчезнување во многу делови од светот.

По тој повод вчера во Библиотеката „Феткин“ во Кавадарци се одржа перформанс на ученици во ООУ„Тоде Хаџи Тефов„ и менторот Марија Трајкова -професорка по македонски јазик.Прекрасна изведба на извадоци од мисли од делата на Крсте Петков Мисирков и Блаже Конески,двајцата македонски преродбеници и основоложници на Мајчиниот  јазик, на кој денес почива македонскиот јазик  граматика .Од А до Ш на секоја буква мошне едноставно а силно впечатливо кавадаречките основци се потрудија да не доближат и не потсетат колку е вреден, “богат“ и важен нашиот јазик за нашата нација и постоење.Присутните на поопладневниот перформанс посветен на Светскиот ден на мајчиниот јазик ги поздрави  дирекорката на Библиотеката Весна Гркова.

Da si go cuvame makedonskiot jazik-min