Денес прославивме 100 години од раѓањето на нашиот патрон


14.03.2023

СТЕФАН ХАЏИ ТЕФОВ ФЕТКИН
За да се напише приказна за еден човек треба да се знае датумот на неговото раѓање и неговото умирање. Но, за да се раскаже прифатлива приказна за истиот тој човек, потребно е да се пополни празнината меѓу тие два датума со автентични настани и случки што се однесуваат на него и неговата околина. Впрочем, тоа и се вика така живот.

На 14ти март 1923 година во Кавадарци е роден Стефан Хаџи Тефов Феткин.

Денес прославивме 100 години од раѓањето на нашиот патрон.