Денес во Библиотека „Феткин“ имавме прекрасна празнична дружба! 🌷✨ Нѐ посетија учениците од второ одделение при ООУ „Тошо Велков – Пепето“
07.04.2026
Денес во Библиотека „Феткин“ имавме прекрасна празнична дружба! 

Нѐ посетија учениците од второ одделение при ООУ „Тошо Велков – Пепето“ Кавадарци, заедно со нивните наставници Зорица Милкова и Стефан Николов.
Поводот за оваа прекрасна средба беше заеднички да си ги честитаме претстојните велигденски празници. Учениците нѐ израдуваа со прекрасни рачни изработки и преубави стихови, со што внесоа посебна топлина, радост и празничен дух во нашата библиотека. 


Како возврат, заедно со директорот на библиотеката Петар Гурев, ги разгледаа најубавите сликовници и енциклопедии, од кои со големо внимание и љубопитност се читаше и разговараше.
Овие средби се потсетник дека љубовта кон книгата се негува од најмала возраст, а детската насмевка е најубавиот украс на секоја библиотека. 

Им благодариме за посетата и им посакуваме среќни, мирни и радосни велигденски празници на сите! 













