Детско катче на одделот Педијатрија при ЈЗУ Општа Болница со проширена дејност Кавадарци


22.11.2024

Денес Дитекторот на ЈОУ Библиотека Феткин Петар Гурев заедно со директорката на ЈЗУ Општа Болница со проширена дејност Кавадарци, Гордана Ѓорчева Камчева и Маркетинг менаџерот на Кожувчанка Митко Јовановски го пуштија во употреба детското катче на одделот Педијатрија при ЈЗУ Општа Болница со проширена дејност Кавадарци.
На иницијативата на Библиотека Феткин да го донира детското катче на Одделот Педијатрија, несебично се вклучи општествено одговорната компанија Кожувчанка од Кавадарци,и заеднички детското катче го опремивме со литература за деца и го претваривме во мини библиотека со 78 различни наслови. Имајќи во предвид дека на педијатрија се хоспитализираат деца до 14 години, на полиците на детското катче освен сликовници и збирки на бајки за најмалите се најдоа и книги и енциклопедии со поучна содржина кои би можеле да бидат интересни и за родителите.
Се надеваме дека ќе го олесниме престојот на пациентите и ќе го направиме колку што може попријатен.