Директорот на Библиотека „Феткин“ – Кавадарци беше гостин во подкастот на сестринската Јавна библиотека „Бољевац“ од Бољевац, Република Србија. 🎙️
30.09.2025


Директорот на Библиотека „Феткин“ – Кавадарци беше гостин во подкастот на сестринската Јавна библиотека „Бољевац“ од Бољевац, Република Србија. 

Во разговорот со директорот на библиотеката „Бољевац“, беа опфатени темите за досегашната успешна соработка меѓу двете установи, како и за веќе планираните идни заеднички проекти.
Ова претставува уште еден чекор во зајакнувањето на меѓубиблиотечката соработка и создавање нови културни и образовни мостови меѓу двете општини. 


