Дружење со војниците на САД и Македонија и мисијата на КФОР
18.03.2019
Во соработка со Американската амбасада и во организација на библиотеката „Феткин“, на 15.03.1019 година, се одржа несекојдневен настан. Припадниците на армијата на нашата држава и армијата на САД, извршија презентација пред учениците од трите средни училишта во Општина Кавадарци и невладината „Креактив“. На настанот присутните имаа можност да се запознаат со припадниците на АРМ и Амијата на САД, и да дознаат повеќе за нивните искуства и секојдневниот живот во армијата. Во непосредна комуникација срдношколците од прва рака се запознаа со опремата,постапките и процедурите кои ги извршуваат припадниците на армијата.Можеше да се вкуси и храна MRE(Meal readu to eat), и сув дневен оброк, кој трае и по 5 години и кој се користи на терен. Целта на оваа презентација е унапредување на заемното разбирање и доверба.Вакви презентации освен во Кавадарци се извршуваа и во четири града и тоа: Штип, Велес, Гостивар и Скопје.