Едукативна работилница за децата од градинката „Рада Поцева“ во рамки на Месецот на книгата


22.10.2026

Во рамките на одбележувањето на Месецот на книгата, Градската библиотека „Феткин“ од Кавадарци, во соработка со издавачката куќа „Тримакс“, организираше едукативна работилница за децата од градинката „Рада Поцева“.

Преку слушање приказни, цртање и когнитивни игри, кај најмладите се поттикнува љубовта кон пишаниот збор уште од најрана возраст. Покрај ова, соработката носи и вредни донации во книги за библиотеката, како и нагледни средства за основните училишта во општината.

Извор