Форум „Размена на идеи за добри практики“
18.09.2025

На овој значаен настан библиотекари од речиси сите национални и локални библиотеки во земјата споделија искуства и примери од успешни практики во својата работа.
Вонредно обраќање имаше и директорот на Библиотека „Феткин“,Петар Гурев, кој говореше од аспект на библиотекар, директор и член на Извршниот одбор на Библиотекарското здружение на Македонија (БЗМ), истакнувајќи реален проблем со кој се соочуваат библиотекарите на државно ниво.
