Градоначалникот Митко Јанчев беше домаќин на директори и библиотекари од 20 јавни библиотеки од Македонија


23.05.2023

По завршниот настан на проектот „Структурен дијалог за Заштита и унапредување на библиотекарството во време на економска криза преку размена на добри практики“ организиран од Библиотека Феткин Кавадарци, градоначалникот Митко Јанчев беше домаќин на директори и библиотекари од 20 јавни библиотеки од Македонија како и раководителот на секторот за библиотечна дејност од Министерство за Култура и Претседателот на Библиотекарското здружение на Македонија.