„Инклузија – предизвик или мотиватор во библиотечната дејност“


03.04.2026

На 2 и 3 април, Библиотека Феткин-Кавадарци, НУ-УБ „Гоце Делчев“ – Штип и Iskra Biblioteka Iskra од Кочани , во Хотел Оаза, успешно имплементираа дводневна стручна обука на тема:
„Инклузија – предизвик или мотиватор во библиотечната дејност“
Обуката беше посветена на унапредување на библиотечните услуги и методите на работа со лица со попреченост, со цел создавање подостапни, поинклузивни и современи библиотеки за сите корисници.
Носител на проектот е НУ-УБ Гоце Делчев од Штип, на која ѝ упатуваме искрена благодарност за успешната соработка во реализацијата на овој заеднички проект, како и за придонесот во остварувањето на нашите заеднички цели во библиотечната дејност.
На обуката учествуваа библиотекари од речиси сите национални и локални библиотеки, како и професионалци и лица кои работат со лица со попреченост, што овозможи богата размена на искуства, идеи и добри практики.
Заедно продолжуваме да градиме библиотеки кои се отворени, достапни и инспиративни за секого.