Исклучете ги компјутерите и земете книга – ДЕНЕС Е СВЕТСКИ ДЕН НА ЛИТЕРАТУРАТА ЗА ДЕЦА!


02.04.2025

Денот на литературата за деца за првпат бил прославен во 1967, а оттогаш секоја година во светот се одбележува на 2 април за да се промовира љубовта кон читањето кај децата и да се нагласи важноста на книгите.
Датумот го означува роденденот на Ханс Кристијан Андерсен, прочуениот дански автор, познат по делата како „Грдото пајче“, „Малата сирена“, „Девојчето со кибритчиња“ и многу други.
Настанот го промовира Меѓународниот одбор за книжевност за деца, кој секоја година има посебна тема и порака. Пораката за 2022 година е „Приказните се крилјата со чија помош секојдневно се вивнувате во светот на фантазијата“. Темата ја прикажува моќта на книгите за деца да ги прошират хоризонтите, да ја развијат имагинацијата и да изградат разбирање.
Децата имаат огромно влијание врз светот на издаваштвото, а според анкетите, повеќе од половина од младите читаат само по десет книги годишно.