Константин Миладинов


18.01.2024

Константин Миладинов е роден во Струга 18 Јануари 1830 година. Се школувал во родниот град и во Јанина, а дипломирал филологија во Атина. Работел како учител за краток период, а потоа заминал во Русија, каде што започнал со универзитетски студии во 1857 година. Збирката народни песни, гатанки и носии “што ги собрале Димитар и Наум за време на нивната теренска работа во Македонија, подоцна беше објавена во Хрватска со поддршка на владиката Јосип Јурај Штросмаер од Хрватска, кој беше еден од покровителите на словенската литература во тоа време.
Константин Миладинов заедно со неговиот брат Димитар, Григор Прличев,Кузман Шапкарев, Марко Цепенков и други се претставници на романтизмот во Македонија. Романтизмот во Македонија се појави во втората половина на деветнаесеттиот век и се карактеризира со култ кон народното творештво, обид за уфрлување на македонскиот јазик во сите сфери, нагласување на субјективното поетско јас, доминација на патриотизам и родољубие, како и стремежот за постигнување на некој идеал.