Литературниот перформанс „СЛУШНИ ЈА МОЈАТА ПРИКАЗНА“ во Скопје


08.05.2025

Ние ја раскажавме нашата приказна и влеговме во сржта на емоциите на присутните.
Синоќа во просториите на Национална и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје, го прикажавме литературниот перформанс „Слушни ја мојата приказна“ кој претставува успешна соработка помеѓу Библиотека Феткин и Гимназија Добри Даскалов.
Му благодариме на домаќинот за гостопримството, на присутните за нивните искрени честитки и на целиот тим од перформансот за гордоста која ни ја пружија.