Меморандум за соработка помеѓу ЈОУ Библиотека „Феткин“ Кавадарци и ЈОУ Библиотека „Гоце Делчев“ – Гевгелија


19.10.2022

Денес во Гевгелија, Директорот на ЈОУ Библиотека „Феткин“ Кавадарци,- Петар Гурев и директорот на ЈОУ Библиотека „Гоце Делчев“ – Гевгелија – Стефан Марковски потпишаа меморандум за соработка помеѓу двете институции.
Целта на овој меморандум е подобрување на билатералната соработка меѓу овие две институции во областа на библиотечното работење и унапредување на библиотекарството во нашата држава.
Двајцата директори разменија искуства за добри практики од институциите и договорија реализација на заеднички проекти за до крајот на годината.