На денешен ден 1928 г роден е Томе Арсовски…


23.09.2021

На денешен ден 1928 г роден е Томе Арсовски наш роднокраен автор и еден од најзначајните македонски драмски автори . Роден е 1928 во Косовска Митровица, каде татко му бил на служба во поштата. Во Пеќ завршил основно училиште, а 1941 година се враќа во родното место на своите родители – Кавадарци. По ослободувањето тука завршува гимназија, а потоа Филозофски факултет, група Славистика, во Скопје
Работел како хорист во Операта на Македонскиот народен театар, како новинар во весникот „Нова Македонија“.
Работел над 30 години како драматург во Македонската радио-телевизија. Бил претседател на Друштвото на писателите на Македонија, каде членува од 1959 година. Во еден мандат бил и претседател на Македонската писателска асоцијација.[1]
Започнал со пишување поезија, збирката „Грст смеа“ (1958), а продолжил со драмско творештво и поставувањето на својата прва драма на сцената на Прилепскиот театар: „Александра“ (1958). Вистински успех и потврда како драмски автор доживува со драмата „Парадоксот на Диоген“ (1961), по што се нижат голем број драми, телевизиски драми, раскази и романи: „Грст среќа“ (телевизиска драма, 1962), „Матурска вечер“ (драма, 1964), „Грдиот Нарцис“ (телевизиска драма, 1964), „Бумеранг“ (комедија, 1969), „Климент Охридски“ (историски роман, 1989), „Куќа на четири ветра“ (роман, 1991), „Подводен град“ (роман за деца и млади, 1993), „Нешто убаво ми се случува“ (роман, 1996), „Пурпурно поле“ (поема, 1996) и многу други.
Ви ја препорачуваме книгата за тинејџери “Супер девојче” во која се претставува преминот од дете во адолесцент, исто така се претставени дел од карактеристики на самиот период, дел од проблемите со кои се соочуваат адолесцентите, но и како ги разрешуваат.