На денешен ден – 25 мај, се сеќаваме на Стале Попов


25.05.2026

На 25 мај 1902 година во мариовското село Мелница е роден еден од најзначајните македонски раскажувачи и романописци – Стале Попов. Со своето творештво тој остави неизбришлива трага во македонската литература, претворајќи ги историјата, традицијата и духот на Мариово во книжевно наследство од непроценлива вредност.
Попов е автор на делата „Крпен живот“, „Толе Паша“, „Калеш Анѓа“, „Дилбер Стана“, „Шаќир војвода“, како и на бројни раскази и приказни за легендарниот Итар Пејо. Неговите дела ги оживуваат борбите, надежите и секојдневието на македонскиот народ, а преку богат народен јазик и автентични ликови создава книжевен свет кој и денес ја плени читателската публика.
Особено значајно е што Стале Попов беше меѓу првите автори кои по кодификацијата на македонскиот литературен јазик создадоа обемни прозни дела на современ македонски јазик, придонесувајќи за развојот и афирмацијата на македонската книжевност и културен идентитет.
Неговото творештво останува сведоштво за истрајноста, мудроста и достоинството на македонскиот човек, а неговите книги и денес се дел од културната меморија на Македонија.
Вечна му слава на Стале Попов – чуварот на мариовската душа и еден од столбовите на македонската литература.