На денешен ден 25 Ноември 1939 е испечатена стихозбирката „Бели мугри“, збирка поезија од Кочо Рацин


25.11.2022

На денешен ден 25 Ноември 1939 е испечатена стихозбирката „Бели мугри“, збирка поезија од Кочо Рацин. Објавена е во Самобор, во близината на Загреб. Таа е трета стихозбирка објавена на македонски јазик по стихозбирките на Венко Марковски, „Народни бигори“ и „Огинот“, објавени во 1938 година. Стихозбирката е испечатена на 25 ноември во печатницата на Драгутин Шпулер во 4.000 примероци. Според вообичаената комунистичка практика, насловот е испечатен со црвени букви, а поради опасноста да се дознае идентитетот на авторот, Коста Солев ја објавил под псевдонимот „К. Рацин“. Стихозбирката била дистрибуирана низ целата тогашна Југославија и во Пиринска Македонија и постигнала голем успех.