На денешен ден роден е Борисав Бора Станковиќ


31.03.2022

На денешен ден роден е Борисав Бора Станковиќ (Врање, 31 март 1876 — Белград, 22 октомври 1927) .Бил раскажувач, романсиер, драматичар и едан од најзначајните писатели на српскиот реализам.
На српската книжевна сцена се пробил дури со збирката раскази „Од старото евангелие“ (1899), а особено со драмата „Коштана“
Во 1902 година ги објавил збирките раскази „Божји луѓе“ и „Стари денови“. Подоцна следувале и збирките „Од мојот крај“ и „Моите познати“, како и драмите „Ташана“ и „Јовча“. Во 1910 година го објавил романот „Нечиста крв“, кој веднаш бил прогласен за ремек-дело на српската книжевност
Предлог книга – Нечиста крв од Борисав Станковиќ
Прекрасен роман кој со носталгија ве враќа во старите времиња кои се тесно поврзани со нашата традиција и судбината на балканските жени кои секогаш морале да го носат на грб товарот на семејството. Овој роман ја отсликува балканската жена со сите нејзини немири, неостварени соништа и болки за пропуштената младост.
Во прв ред, романот е историја на едно чорбаџиско семејство од Врање, од неговите најусшпешни времиња („од турските времиња“) до загубата на богатството и моќта.
Борисав Станковиќ е писател кој пишувал пред своето време и меѓу првите на овие простори кој успеал да навлезе во внатрешниот свет на балканските жени, патријахално воспитани, кои ја воздржувале својата дива страст.