На денешен ден во Кавадарци е роден Лазо Каровски


17.02.2022

На денешен ден во Кавадарци е роден Лазо Каровски — (17 февруари 1927 во Кавадарци — 2 февруари 2000 во Скопје)
Еден е од првите македонски поети по ослободувањето, романсиер, детски поет, литературен историчар и фолклорист. По завршувањето на гимназијалното образование во родниот град и во Скопје, дипломирал на Катедрата за југословенски литератури и македонски јазик на Филозофскиот факултет во Скопје, каде што и докторирал со темата “Печалбарството во македонската народна и уметничка литература” Македонски печалбарски песни, во 1973 година. Работел како гимназиски професор во Кавадарци и во Учителската школа во Битола, а потоа предавал на тамошната Педагошка академија. Тој е еден од најпознатите македонски фолклористи, а истовремено е и познат автор и поет.
1. Библиографија
Каровски пишуваше и за деца и за возрасни. Од неговото творештво за деца се издвојуваат следните збирки поезија:
Песната на славејот 1955
Митко шета со ракета
Овчарче 1946
Во спомен на дванаесетте младинци од Ваташа убиени од Бугарите во Втората светска војна, ја напишал поемата: Крвава Балада 1947. Од неговото творештво за возрасни се издвојуваат следните збирки поезија:
Родината в песни 1951
Стравини 1958
Момина чука 1955
Тиквешка легенда 1948 Преземи во PDF формат
Родина
Од неговото прозно творештво се издвојуваат:
Раскин
Патишта 1959
Заорок 1971
Каровски е исто така автор и на романсираните биографии на Климент и Наум Охридски. Добитник е на бројни награди за литературна дејност.