Национална поетска манифестација во организација на Здружението на поети и писатели „Тиквешки цветови“


04.10.2025

📚✨ Денес во Кавадарци се одржа национална поетска манифестација во организација на Здружението на поети и писатели „Тиквешки цветови“, со цел да се воздигне поезијата и пишаниот збор како чувари на македонскиот дух и култура. 🇲🇰
На манифестацијата, покрај домаќините, со свои поетски творби настапија и поети од Скопје, Велес, Штип, Прилеп, Кичево, Битола, Демир Хисар и Македонски Брод, спојувајќи гласови од сите краеви на земјата во една поетска целина исполнета со емоција и љубов кон јазикот. 🖋️❤️
Со поздравен збор се обрати и директорот на ЈОУ Библиотека „Феткин“ – Кавадарци, кој ја изрази поддршката на библиотеката кон здружението и се заблагодари на сите творци што со своето перо придонесуваат за зачувување и негување на македонскиот јазик и литературата.