Научна конференција по повод 95 години од раѓањето на академик Блаже Ристовски


15.10.2026

Градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев, упати поздравен говор на научната конференција посветена на одбележувањето на 95-годишнината од раѓањето на академик Блаже Ристовски.

На настанот присуствуваа Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Повардарски г. Агатангел, претседателот на Македонската академија на науките и уметностите, академик Живко Попов, академици, научни работници, претставници на институциите и бројни гости. Беше оддадена почит на ликот и делото на академик Блаже Ристовски, еден од значајните македонски научници, кој со својата посветеност и богато научно творештво остави траен белег во македонската наука, култура и историја.

Особено значење има фактот што овој јубилеј се одбележува токму во Кавадарци, градот со кој академик Ристовски е поврзан преку своите корени од селото Гарниково.

Во своето обраќање, градоначалникот ја истакна важноста од зачувувањето и афирмирањето на научното и културното наследство, како и од континуираната поддршка на науката, културата и образованието, како темели на општествениот и духовниот развој.

Општина Кавадарци упатува искрена благодарност до Македонската академија на науките и уметностите, ЈОУ Библиотека „Феткин“ – Кавадарци, како и до сите организатори и учесници кои придонесоа за реализацијата на овој значаен научен настан.


























Извор