Нè посетија првачињата од ООУ „Димката Ангелов-Габерот“ с. Ваташа, како дел од активностите за Неделата на детето
07.10.2025
Денес во „Феткин“ беше шарено, гласно и исполнето со детски ѕвонливи гласови! Нè посетија првачињата од ООУ „Димката Ангелов-Габерот“ с. Ваташа, како дел од активностите за Неделата на детето. За нив подготвивме мала програма: им покажавме што има во библиотеката, како се позајмува книга, а потоа им читавме бајка и забавни факти од детски енциклопедии. #Првачиња #БиблиотекаФеткин #ЧитањетоЕНаслада