„Неделата на детето“ – учениците од ООУ „Димката Ангелов – Габерот“ од Ваташа во Библиотека „Феткин“


08.10.2026

Нашето дружење со децата во рамките на „Неделата на детето“ продолжува, а денес имавме особено задоволство да ги пречекаме учениците од ООУ „Димката Ангелов – Габерот“ од Ваташа.

Со многу љубопитност и детска енергија, нашите гости ја откриваа библиотеката и светот што се крие меѓу нејзините полици.

Разговаравме за тоа што работи библиотеката, како книгите стигнуваат до читателите и колку е важно да читаме, да учиме и да бидеме љубопитни.

Секако, најубавиот дел од посетата беше дружењето со самите книги. Се разгледуваа сликовници, се откриваа интересни приказни и ликови, а љубопитноста ги одведе учениците и до енциклопедиите, каде што ги очекуваа безброј нови и интересни сознанија.

За нас секоја ваква посета е посебна, затоа што веруваме дека љубовта кон книгата се создава уште од најрана возраст – со една приказна, една сликовница, едно прашање и едно ново откритие.

Ви благодариме за прекрасното дружење, драги ученици!

Ве очекуваме повторно во Библиотека „Феткин“, каде што секогаш има по некоја нова книга и нова приказна за откривање.