Нешто ново за нашите корисници – мобилната апликација COBISS Plus
15.09.2026
Со особено задоволство ви ја претставуваме новата мобилна апликација COBISS Plus – уште еден голем чекор кон помодерна, побрза и подостапна библиотека!
Од денес, вашата библиотека може да биде секогаш со вас – директно на вашиот мобилен телефон.
Со COBISS Plus можете:
- да пребарувате книги и библиотечна граѓа
- да проверите дали посакуваната книга е достапна
- да резервирате материјали
- да го продолжите рокот на зајмување
- да ги следите задолжените книги и историјата на позајмување
- да ги проверувате вашето членство и задолжувањата
- да позајмувате е-книги и аудиокниги
- да ги зачувувате омилените наслови и пребарувања
И она што е особено важно за нашите корисници – апликацијата е достапна и на македонски јазик!
Библиотека „Феткин“ Кавадарци продолжува да ги следи современите технологии и да ги носи библиотечните услуги поблиску до своите корисници.
Преземете ја COBISS Plus бесплатно:
ANDROID – Google Play
iOS – App Store
Библиотека „Феткин“ Кавадарци – сега уште поблиску до вас!

