Нов наслов во Библиотека “Феткин” Кавадарци: “Птиците умираат пеејќи”


05.11.2021

Во издание на „Бата прес“, на македонски јазик е објавен светскиот бестселер „Птиците умираат пеејќи“ од познатата австралиска писателка Колин Мекалоу.
Дејствието и љубовната сага во романот, што се одвива во Австралија, Нов Зеланд, Ватикан, Лондон, Берлин… опфаќа повеќе од половина век – двете светски војни, а говори и за односот на официјален Ватикан кон фашизмот и Хитлер. Тука се преплетуваат судбините на неколку генерации. Оваа љубовна и семејна сага сведочи и за сушите, пожарите и поплавите кои се заканувале со целосно уништување на имотите во Нов Зеланд.