Одбележување на 21 Март- Светски ден на поезијата


17.03.2022

“Најубавите песни напишани и испеани за жената”
По повод Светскиот ден на поезијата 21 Март, ЈОУ Библиотека “Феткин” и СОЗШУ “Ѓорче Петров” ја продолжуваат долгогодишната сoработка во организирање и реализирање заеднички културни настани .
Во духот на таквата соработка група ученици поттикнати од професорот по македонски јазик и литература Влатко Тасев организираaт поетски час со тема -Жената муза за уметниците. Настанот ќе се одржи на 21 Март во 12 часот во просториите на библиотеката.